Габриел Фернандињо де Жесус е новиот миленик на фановите на Манчестер Сити откако со гол во 93-та минута му донесе победа на тимот над Свонси. Младиот Бразилец не само што донесе три бода туку влезе и во историјата на Премиер лигата.
Кој е всушност Габриел Жесус?
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На неговата десна рака ќе приметите тетоважа од дете кое во рацете држи топка додека гледа на бразилските фавели каде што одрастил. Веќе одамна го носи епитетот „новиот Нејмар“, но Габриел Жесус е и тоа како посебен играч. Долго време го следеа Барселона и Реал Мадрид, но повикот од Гвардиола беше пресуден за да се пресели на „Етихад“.
Порасна во фавелите во градот Жардим Пери каде што живееше се до својата 16-та година. Мештаните откако стана познат решија да му се оддолжат со огромен графит на кој се наоѓа тој со бразилскиот дрес и натпис: „Јас можам да го напуштам Пери, но Пери никогаш нема да ме напушти мене“.
Фудбалот му е се во животот, карта во еден правец према подобра иднина.
„Игравме со топката од осум часот наутро до еден часот после полноќ. Соседите често се лутеа поради тоа, а некои дури ни викаа полиција. Бегавме од теренот“, наведува неговиот другар од детството Родолфо Аугусто.
Жесус пораснал во подрумот на еден стан, а неговите пријатели денес велат дека парите не го расипале. Останал доследен на својот начин на живот и вредностите кои ги препозна и самиот Пеп Гвардиола.
Хосе Франциско Мамеде, кој го тренирал како дете, се сеќава дека Жесус на тренинг доаѓал со потполно искинати копачки. Притоа на тренинг доаѓал по апостолки откако пешачел час и половина бидејќи немал пари за карта. Тоа го правел цели 6 години и не пропуштил ниту еден тренинг.
„Никогаш не доцнеше. Напротив, секогаш доаѓаше прв и заминуваше последен. Никогаш не пропушти ниту еден тренинг“, раскажува Мамаде.
Gabriel Jesus 2nd Goal HD – Manchester City 2… by Live1Goals
Надимакот на Жесус е Тетина, скратено од „тета“, што значи лесна победа.
Во сиромашните фавели на градот Пери, Жесус се преселил со својата мајка кога имал три години. Таа работела три работи за да ги прехрани Жесус и уште три деца. Таткото му починал недолго после неговото раѓање од срцев напад.
Претседателот на јуниорскиот тим потврди дека клубот му помагал на неговото семејство во тешките периоди купувајќи им храна и облека за Жесус. Притоа тој бил одличен на школо, особено во природните науки. Наставникот по биологија во него гледал идеан научник.
Во Манчестер пристигна заедно со својата мајка Вера и братот Фелипе, и денес се наоѓа меѓу одбраното друштво во Премиер лигата. Имено, Жесус е само 5-от играч во историјата на лигата кој погодил на првите два натпревари.