Дома Фудбал Англија Коста никогаш нема да му прости на Конте: Тоа беа тешки моменти за мене

Коста никогаш нема да му прости на Конте: Тоа беа тешки моменти за мене

konte kosta

Диего Коста никогаш нема да му прости на Антонио Конте за начинот на кој буквално го избрка од Челзи.

Италијанецот шпанскиот напаѓач го отпиша во текот на престојот на „Стенфорд Бриџ“, а дека не смета на него го известил преку СМС порака.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, ниту тој не остана уште долго на клупата бидејќи пред почетокот на оваа сезона беше заменет со Маурицио Сари.

Сега Коста се прашува каде е Конте.

„Беа тоа тешки моменти за мене, но тоа не беше моја грешка. Луѓето многу зборуваа, а времето ги намести работите на свое место. Погледнете каде е сега Конте. Поради него на грд начин го напуштив Челзи“.

„Освоивме титула со Конте и после се он ми испрати порака дека повеќе не ме сака во тимот. Ми порача да тренирам со резервите, но јас тоа го одбив и останав со семејството во Бразил. Има работи кои парите не можат да ги купат“, изјави Коста.

На шпанскиот репрезентативец му оди одлично во Атлетико каде што фудбалската јавност го запозна пред неколку години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…