Италијанските медиуми најавуваат неочекуван трансфер на една од најголемите ѕвезди на Серија А. Раџа Наинголан наводно ги прифатил условите од Интер и спремен е да ја напушти Рома.
Белгиецот кој покрај одличната сезона во Рома остана без Светското првенство во Русија изгледа после големото разочарување се одлучил за голема промена.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Газете дело Спорт“ и уште неколку италијански медиуми тврдат дека Наинголан ја прифатил понудата од Интер, а освен финансиските услови, играчот за врска на Рома е посебно заинтересиран за соработка со Лучијано Спалети кој го предводеше на „Олимпико“.
Италијанците тврдат дека Рома нема да стои на патот, но бара оштета од 40 милиони евра и сигурно дека повеќе би сакале да го продадат во Кина отколку на еден од директните конкуренти.
Од друга страна Интер се мачи со финансискиот фер-плеј и ќе се обиде да издејствува спуштање на цената барем за десетина милиони.
#Roma, #Nainggolan all'#Inter: 30 milioni di sì ➡️ https://t.co/kHaXH03dRq
— Corriere dello Sport (@CorSport) June 12, 2018