Вчера Ривер во првиот натпревар од четвртфиналето во Копа Либертадорес на гости го совлада парагвајскиот Серо Портено и славеше сигурна победа со резултат 2:0.
Ривер до головите дојде од пенал, но беше многу подобар ривал и заслужено славеше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не се чекаше долго за првите возбудувања бидејќи после само три минути игра ВАР мораше да стапи на сцена. Судијата Кариљо кој во прв момент не досуди најстрога казна одлучи да покаже на белата точка на крајот досуди пенал за Ривер, сигурен реализатор беше Игнасио Фернандез.
Ривер во првиот дел се закануваше и преку Матијас Суарез, но на полувреме се замина со минимална предност за домаќините.
Аргентинскиот гигант ја контролираше ситуацијата и во второто полувреме, а мрежата на Парагвајците се затресе во 55-тата минута, меѓутоа тогаш голот на Фернандез ВАР го поништи.
Десет минути подоцна немаше спас за Серто Портено. Голманот Карицо го собори противникот Кариљо, а Рафаел Боре погоди за 2:0.
До крајот остана 2:0 и Ривер реваншот ќе го дочека со одличен резултат. Доколку не ја исушти предноста во четвртфиналето изгледа ќе гледаме ново Суперкласико Ривер – Бока!
Бока во првото четвртфинале го совлада ЛДУ Кито со 0:3 и така со една нога е веќе во полуфиналето.
Минатата година имамве прилика да гледаме Суперкалсико во финалето. Тогаш Ривер беше поуспешен и стигна до трофејот.