Српскиот репрезентативец, Сергеј Милинковиќ Савиќ се наоѓа на излезни врати од Лацио, пренесува денес „Тутомеркато“.
Врската измеѓу Милинковиќ-Савиќ и Лацио е на стаклени нозе во овој момент. Неговиот однос со тренерот Маурцио Сари никогаш не бил полош од доаѓањето на искусниот стратег на клупата. Според информациите српскиот играч за врска сака да ја промени средината после неколку преодни рокови во кои неговото име се провлекуваше во медиумите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Медиумите најавуваат дека Сергеј може да не биде во тимот веќе против Венеција во среда. Клубот е во незавидна позиција. Фудбалерот повеќе пати покажуваше приврзаностк он Лацио и Лотито кој многу го цени како и навивачите.
Доколку дојде до ситуација да мора да се избира прашање е за што клубот ќе се одлучи. Јасно е дека Сергеј кога-тогаш ќе го направи следниот чекор затоа што од поодаман го прерасна клубот од Рим.
„Не го продадов за 140 милиони евра затоа што тоа му го ветив на Симоне Инзаги. Не ме интересираат парите, сакам само почитување и максимална посветеност“, изјави Лотито.
Сезонава Савиќ во 23 натпревари има учинок од пет гола и пет асистенции.