Дома Фудбал Англија Конте подготви 120 милиони за уште три засилувања на „Сините“

Конте подготви 120 милиони за уште три засилувања на „Сините“

Актуелниот шампион на Англија, Челси очајно ја стартуваше новата сезона во ПЛ со шокантниот пораз на домашен терен од Барнли со 3:2.

Навивачите на Челси беа многу разочарани по натпреварот од првото коло бидејќи од својата екипа очекуваа лесни три бода, но на крајот добија ладен туш од Барнли. По натпреварот следеа многу обвиненија на сметка на Антонио Конте кој ова лето одлучи да направи неколку промени во составот кој изминатата година му ја донесе титулата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Она што навивачите најмногу му го замерија беше продажбата на Немања Матиќ во Манчестер Јунајтед, со оглед на тоа дека тој беше еден од клучните играчи во тимот. Исто така, Конте не смета ниту на Диего Коста кој јавно призна дека сака да го напушти лондонскиот клуб и да се врати во Атлетико Мадрид.

Меѓутоа, италијанскиот стратег верув дека овој тим ќе ја покаже својата вредност. Англиските медиуми пренесуваат дека Конте изразил желба да донесе тројца нови играчи на кои Челси би вложил 120 милиони фунти. Конте на листата ги има играчите за кои верува дека ќе ги решат сите проблеми.

Имено, според пишувањата на „The Sun“, Челси е блиску да го донесе Алекс Окслејд Чембрлен за 35 милиони фунти. Исто такасе споменува дека на „Стемфорд Бриџ“ би можел да пристигне Вирџил Ван Дајк кој со сите сили сака да го напушти Саутемптон, но овој клуб за неговите услуги бара 70 милиони фунти.

Исто така, се споменува дека Челси би можел да го земе крај себе фудбалерот на Лестер, Дани Дринквотер. Неговиот трансфер најмалку би ги чинел „Плавите“ 15 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…