Aнтонио Конте и Фабио Партичи сега соработуваат во Тотенхем, но до пред некое време беа ривали во Италија. Партичи беше спортски директор во Јувентус, додека Конте го водеше во Интер.
Сега Конте отворено кажа дека Партичи го довел Кулушевски во Јувентус само за да му наштети на него затоа што и Интер бил во преговори.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Партичи го доведе Кулушевски во Јувентус за само јас да не го доведам во ИНтер. Секогаш стратегијата доаѓа во преден план, а неговата беше таква. Истото се обиде да го направи и со Лукаку, сакаше да го купи во Јувентус затоа што многу добро знаеше дека ние го сакаме“, изјави Конте.
Сега во Тотенхем Партичи успеа да му го доведе Кулушевски кој не се снајде во Јувентус.