Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не сака да дава големо значење на тоа што Антонио Конте не се ракуваше со него после натпреварот во кој Челзи запиша победа.
Италијанецот, по победата побрза да прослави со своите фудбалери, па го пропушти ракувањето со Португалецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Да потсетиме, минатата година кога Челзи славеше убедливо со 4:0 против Манчестер Јунајтед, Мурињо го обвини Конте дека претерал со славјето на четвртиот погодок. Продолжението следуваше во недела кога Конте славеше на теренот, додека Мурињо се ракуваше со неговите помошници.
„Саката да одам по него и да го бркам до средината на теренот? Бев тука, се ракував со луѓето кои беа присутни. Мислам дека еден од нив беше неговиот брат, асистент, па така со тоа што се ракував со неговиот брат и вториот асистент сметам дека ја исполнив својата должност. Не можам сега да го бркам, но зошто би го чекал во тунелот? Ниту тој не би ме чекал и нема никаков проблем, само вие се грижите за такви работи“, истакна Мурињо.