Односот помеѓу Конте и Мутињо полека станува вистиснка „војна“.
Не чекавме многу време за одговор на Италијанецот, после последната изјавата на „Специјалниот“ во која тој го обвини стратегот на Челзи за местење на натпревари.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кога зборуваш такви работи за своите колеги, ти си мал човек. Тој беше мал и таков остана, тоа сите го знаат и доволно да го погледнеме неговото минатото. Но, се што имам ќе расчистам со Мурињо сам во соба, кога ќе играме еден против друг“, изјави Конте.
Оваа изјава дел од англиските медиуми ја протолкуваа и како повик до Португалецот за физичка пресметка. Потоа тој потсети каков човек е Мурињо.
„Се сеќавате кога го исмеваше Раниери, што се зборуваше за тој човек, лажеше дека не знае англиски после пет години во Англија, а потоа кога Лестер му даде отказ, носеше дрес со негово име. Ета за каков човек ние зборуваме“, заврши Конте.