Дома Фудбал Англија Конте може да си добие отказ уште утре доколку не го исполни овој услов

Конте може да си добие отказ уште утре доколку не го исполни овој услов

Доколку во понеделник Челзи не го победи Вотфорд, Антонио Конте би можел да добие експресен отказ.

Речиси сигурно дека италијанскиот тренер ќе го напушти Челзи на лето, но според пишувањата на „Daily Mail“ тоа би можело да се случи уште утре, во случај на нов пораз. Челзи во изминативе десет дена доживеа два порази; прво испадна од лига купот со пораз од 2:1 против Арсенал, а потоа пред своите навивачи доживеа дебакл од 3:0 против Борнмаут.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Лондонскиот клуб така се опрости и уште од еден трофеј и го зголеми заостатокот зад Манчестер Сити на 19 бода, додека четвртата позиција ја држи со само два бода повеќе од се подобриот Тотенхем. Конте веќе долго време не се грижи од критиките на клупската политика, односно Абрамовиќ, кој не му ги доведе посакуваните засилувања. Неговото константно незадоволство му здодеа и на рускиот сопственик, па никој не би се чудел доколку Италијанецот го напушти „Стемфорд Бриџ“ пред истекот на договорот кој му трае до јуни 2019. година.

Во случај на таков расплет, поранешниот тренер на Рома и Барселона, Луис Енрике се споменува како главен кандидат за превземање на клупата на „Сините“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…