Дома Фудбал Англија Конте: Како е можно три пати со ред против Арсенал да добиваме црвен!

Конте: Како е можно три пати со ред против Арсенал да добиваме црвен!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте смета дека е чудно како неговиот тим три пати по ред во мечевите против Арсенал останува со човек по малку.

Викендов во дербито Давид Луиз беше исклучен поради грубиот старт брз Колошинац. Во август за „Комјунити Шилд“, Педро доби црвен картон, а претходно во финалето од ФА Купот исклучен беше Виктор Мозес.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Не зборувам за судиите, но сакам да кажам едно, треба да се гледа што се случува при конкретен старт. Имаме голем респект кон Арсенал, но многу е чудно да завршуваме со 10 фудбалери три пати по ред против нив. Ситуацијата е чудна. Се надедвам дека ќе имаме повеќе среќа со судиите во иднина“, истакна Конте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Феде Валверде објасни за испадот на гнев при замената

Федерико Валверде одигра многу силен натпревар во победата на Реал Мадрид против Реал Соси…