Дома Трансфер зона Конте испрати понуда, Јуве бара размена!

Конте испрати понуда, Јуве бара размена!

Летните возбудвања кога во прашање е трансфер пазарот полека започнуваат…

Екипата на Челзи оваа сезона стигна до титулата во англиското првенство и наредната сезона се враќаат во Лигата на шампионите, па Антонио Конте сака да го засилува тимот.


Холандија фаворит, Австрија и Турција во неизвесна битка! ↓↓↓


Еден од играчите кои Конте сака да ги види во својот тим е Клаудио Маркизио кој го изгуби местото во стартниот тим на „бјанконерите“. “Малиот принц“ е дете на Јувентус, па италијанскиот клуб тешко ќе се откаже од неговите услуги.

Меѓутоа ниту на него не му е лесно, пред него се Пјаниќ и Кедира, Маркизио добива мала минутажа. Ринкон е доведен во јануари како алтернатива, Јуве го има и Стураро, па порад тоа не би претствавувало голем проблем доколку Маркизио биде продаден.

Покрај тоа, Конте нуди 30 милиони евра за играч кој има 31 година, тоа е огромна сума. Но, италијаните имаат друга идеја. Јуве и понатаму се интересира за Немања Матиќ кој минатото лето беше блиску до преселба во Торино, но Конте го стопираше тој трансфер.

Алегри го сака Матиќ кој со заедно со Кедира практично би му биле заштита на Пјаниќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Готово: Заниоло се враќа во Серија А

Италијанскиот фудбалер, Николо Заниоло од наредната сезона повторно ќе биде дел од италија…