Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на Интер, Антонио Конте не се откажува од намерата да го донесе Артуро Видал на „Џузепе Меаца“.
Конте и минатото лето сакаше да го донесе Видал во Интер, но тогаш двата клуба не успеаа да најдат заеднички јазик за обештетувањето, па Чилеанецот остана на „Камп Ноу“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Видал не е задоволен од својот статус во Барселона и има само уште една година од договорот, па се очекува ова лето трансферот полесно да се реализира.
Проблем може да биде високата плата на Чилеанецот, кој ќе мора да прифати други финансиски услови за да се пресели во Милано.
Конте и Видал имаа одлична соработка во Јувентус, па Интер ќе направи се за да му ја исполни желбата на тренерот.