Дома Фудбал Англија Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Конте: Докажав дека сум сериски победник!

Менаџерот на Челзи, Антонио Конте по освојувањето на ФА Купот уште еднаш потврди дека сака и следната година да го води тимот од „Стенфорд Бриџ“.

Челзи ја „спаси“ лошата сезона со трофеј во ФА Купот, а Конте јавно се прогласи за „сериски победник“.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Мојата позиција не се промени. Не сакам да слушам други предлози. Моето мислење е јасно, го почитувам договорот со Челзи и сакам да продолжам да работам. За две години го освоивме првенството и ФА Купот. Мислам дека докажав дека сум победник, сериски победник, и покрај тешкотиите“, изјави Конте.

„Кога си навикнат да победуваш сезона како оваа може да ти создаде проблеми. Почнуваш да си поставуваш прашања, да губиш самодоверба. Но, и во тешки услови јас покажав дека сум победник“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Халанд повторно доминираше, Манчестер сити го разби Вест хем и го презема врвот во Премиер лигата (Видео)

Манчестер Сити лесно ја потврди својата супериорност на домашен терен, совладувајќи го Вес…