Дома Топ вести Конте во Тотенхем сака две ѕвезди од Интер

Конте во Тотенхем сака две ѕвезди од Интер

Веќе е извесно дека Антонио Конте ќе седне на кормилото на Тотенхем, а медиумите откриваат детали од договорот.

Антонио Конте ќе потпише договор до 2023 година, а раководството на располагање ќе му даде голем буџет за засилување на тимот во следните два преодни рока.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Италијанските медиуми откриваат дека главна трансфер цел на Конте ќе бидат две ѕвезди на Интер, кои имаа одлична соработка со него на „Џузепе Меаца“.

Станува збор за Марсело Брозовиќ, чиј договор со Интер истекува на крајот на сезоната, а „Спарси“се спремни да му понудат богат договор.

Другиот играч е Стефан де Врај, кој под водство на Конте се етаблираше во еден од најдобрите дефанзивци во Серија А.

Холанѓанецот е спремен да се пресели во Премиер лигата и повторно да работи со Конте, а се очекува Тотенхем за неговиот потпис да плати 40 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…