Aко може да им се верува на шпанските медиуми, Антонио Конте е веќе отпишан…
Челзи е во голема резултатска криза, па низ медиумите се почесто се пишува за заминување на Италијанецот. Познато е и проклетството кое ги следи тренерите кои ќе ја освојат титулата, а шпанска „Марка“ сега пренесува нови детали поврзани за субината на Антонио Конте.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, според нивните извори, сопственикот на „сините“ Роман Абрамович веќе го отпишал италијанскиот стручњак.
Односите помеѓу рускиот тајкун и тренерот на Челзи од поодамна се заладени и наводно повеќе не комуницираат.
„Марка“ тврди дека Абрамович веќе започнал потрага по негов наследник. Како што пишува шпанскиот медиум се започнало во јануари оваа година кога Конте соопшти дека нема да смета на Диего Коста.
Да потсетиме, во англиските медиуми кружеше приказна дека Италијанецот преку СМС порака го известил Бразилецот дека не е во неговите планови, а тоа наводно го налутило првиот човек на „сините“.
Челзи сепак потоа ја освои титулата, но изгледа Абрамович само чекал причина за да започне потрага по нов менаџер. Ќе видиме колку Конте ќе се задржи на клупата на „Стенфорд Бриџ“, а можеби и веќе овој викенд по дербито со Манчестер Јунајтед да остане без работа.