Дома Останати Конор: Кабиб ти си срам! Кабиб: Не заборавај што кажа онаа вечер! (ФОТО)

Конор: Кабиб ти си срам! Кабиб: Не заборавај што кажа онаа вечер! (ФОТО)

Конор Мекгрегор и Кабиб Нурмагомедов имаа мал судир на социјалните мрежи.

Откако заврши борбата помеѓу Тони Фергусон и Џастин Гетџи, Мекгрегор го нападна Џастин барајќи борба со него. Со порака по борбата се јави и Кабиб, па Мекгрегор не пропушти да влезе и со него во расправија.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


„Кабиб, ти си срам. Мал стаорец кој се крие, како и секогаш, како што кажав многу пати: Без коментар, ха ха. Ти си срам за боречките спортови“, напиша Мекгрегор.

Ниту Кабиб не му остана должен.

„Да, се сеќаваме. Беше баш добар онаа вечер. Биди свој, не биди лажго. Ти зборуваш за гушкање нозе? Веројатно не заборави што ти направив? Очигледно пијан пишуваш твитови. Те разбив удирачки, те растурив во борење и те уништив во „граплинг“. Бараше воздух со рацете и потоа се откажа. И не заборавај што кажа – Ова е само работа“, му одговори Кабиб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Македонското знаме се развеа во Милано и Кортина (Видео)

Вечерва беа отворени Зимските Олимписки игри во Милано и Кортина на кои ќе учествува и Мак…