Изгледа работите веќе се познати, Барселона ги прифатила условите и сега имаат нешто повеќе од еден месец…
Како што сега стојат работите, Ливерпул ќе го продаде Кутињо на Барселона веќе во јануари, а сумата би требало да изнесува околу 145 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Деталите наводно ги договорил Киа Јорбачиан, познатиот агент. Според пишувањето на шпанските медиуми Кутињо во Барселона ќе заработува 14 милиони евра и ќе биде втор најплатен, пред него ќе биде само Меси. Бразилецот би пристигнал како замена за Иниеста кој најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната.
Иако Кутињо не ќе може да помогне во Лигата на шампионите, Клубот не сака да ја испушти приликата.
Минатото лето Клоп за Кутињо барал 200 милиони евра, но поради проблемите со одбрната „црвените“ мораат да се засилуваат и сега се очекува да прифатат и помала сума.
Што Барселона мора да направи?
Пред се да се ослободи од Арда Туран кој добива плата од 8.5 милиони евра, но тој одбива да се врати во Турција. Има понуда од Кина каде што би можел да заработи и повеќе пари.
Освен него Барселона веројатно ќе мора да го продаде и Андре Гомеш или барем да го испрати на позајмица, а ќе се обидат да се ослободат и од Рафиња и Делофеу.
Уште неколку фудбалери би можеле да бидат продадени, но најважно е да се ослободи просторот со продажбата на Туран.
Како и да е изгледа дека сега се е готово и нема препреки, па се очекува Кутињо да пристигне на „Ноу Камп“ веќе во јануари.