Конечно е постигнат договор за заминување на Аркадиуш Милик од Наполи. Наполи и Олимпик Марсеј постигнале договор.
Полскиот напаѓач не играше оваа сезона затоа што Наполитанците не го пријавија за ниту едно натпреварување, но без оглед на тоа Де Лаурентис не сакаше да го пушти така лесно. Преговорите со францускиот гигант траеа долго време за сега да има договор. Наполи бараше 15 милиони евра и процент од идната продажба, Марсеј нудеше помалку. На крајот, постигнат е договор со помош на бонуси, додуша помалку.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Договорот е следниот: Наполи добива 8 милиони евра, плус 5 на основа на осовените бодови на Марсеј. Кога ќе го продаде Марсеј ќе биде должен да исплати 30% од сумата на Италијанците.
Кога се личните услови во прашање Милик ќе потпише договор до 2025 година за плата од 4.5 милиони евра по сезона.