Тренерот на Аталанта, Гасперини неодамна влезе во жестока расправија со капитенот Папу Гомез, по што се подели соблекувалната во клубот.
После таа расправија, Гасперини го „пречкрта“ Гомез, кој најверојатно ќе го напушти клубот во јануари.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Самиот фудбалер потврди се на Инстаграм, но не сакаше да ја открива причината поради која дошло до расправијата.
Сега конечно новинарите во Италија ја открија причината за целиот скандал.
„За време на мечот против Митиланд Гасперини побара од Гомез да ја промени позицијата и да игра како десно крило. Гомез неколку пати одговори негативно и одби да го послуша тренерот, па на крајот дошло до физичка пресметка во соблекувалната“, открива „Скај Спорт“.