Раководството на Манчестер Јунајтед е во завршни преговори со Ватфорд за трансфер на Исмаил Сар и се очекува трансферот да биде комплетиран до крајот на денот.
Откако пропадна можноста за трансфер на Осман Дембеле, „црвените ѓаволи“ се насочија кон 22-годишниот крилен напаѓач на Ватфорд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сар пристигна во Ватфорд минатата година за 30 милиони фунти, но откако клубот испадна во Чемпионшип се очекува неговата цена да се намали.
Манчестер Јунајтед веќе има договор со играчот и во моментов двата клуба ги договараат последните детали.
Крилниот напаѓач беше приоритет за Јунајтед во овој трансфер прозорец. Прва меча беше Џејдон Санчо, а како алтернатива се споменуваше Осман Дембеле, но клубот не успеа да го комплетира тие трансфери.
BREAKING: Manchester United are in advanced negotiations with Watford over the transfer of Ismaïla Sarr. (Source: Telefoot Chaine/@GFFN) pic.twitter.com/nAMgW895nE
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) October 5, 2020