Дома Фудбал Останато Конечно е откриено: Ова е причината поради која на Зидан му пропадна трансферот во Јунајтед

Конечно е откриено: Ова е причината поради која на Зидан му пропадна трансферот во Јунајтед

Зинедин Зидан во 1996 година беше на прагот на трансфер во Манчестер Јунајтед, откри некогашниот претседател на англискиот клуб, Мартин Едвардс.

Французинот по напуштањето на Бордо беше во преговори со Манчестер Јунајтед и во тој период делуваше како се да е договорено, но во последен момент работата ја стопираше тренерот, Алекс Фергусон.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Според зборовите на Едвардс, шкотскиот стратег сметаше дека во неговиот тим не би било истовремено место за Зидан и Кантона.

„Зидан и Кантона играа на иста позиција, а Фергусон чувствуваше дека доведувањето на Зидан би можел да го загрози Ерик“, откри Едвардс.

Само една година подоцна Кантона се прости од фудбалот.

„Сега кога ќе се види, имаше место и за двајцата, бидејќи Зидан беше млад“.

Зидан наместо во Манчестер Јунајтед заврши во Јувентус, во кој се задржа 5 години, по што замина во Реал Мадрид. Остана историја…

Коментари
Прочитајте поврзани статии

Проверете

Перез донел нова одлука: Две легенди заминуваат од Реал Мадрид!?

Реал Мадрид веројатно нема да ја продолжи соработката со клупските легенди Лука Модриќ и Л…