Дома Фудбал Останато „Конами“ со новиот „ПЕС“ ги понижи играчите на Арсенал (ФОТО)

„Конами“ со новиот „ПЕС“ ги понижи играчите на Арсенал (ФОТО)

Познато е дека Арсенал во последните неколку години наназад не е конкурентен за освојување на Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Резултатите на Арсенал во изминатите години се далеку послаби отколку што тоа беше случај во минатото. Клубот кој некогаш редовно играше во Лигата на шампионите и имаше амбиции да ја освои, стана редовен учесник во второто по ранг натпреварување, Лигата на Европа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Кога во прашање е домашното првенство, туку прилично назадуваа.  Последната титула ја освоија во сезоната 2003/2004 кога сезоната ја завршија без пораз и тоа е нешто кое не му успеало на ниту еден друг клуб претходно.

Минатата сезона Арсенал заврши на петтата позиција со еден бод помалку од четвртопласираниот Тотенхем кој од таа позиција отиде во Лигата на Шампионите. Арсенал имаше прилика да се пласира во Лигата на шампионите и преку Лигата на Европа, меѓутоа беше поразен од Челзи во финалето од Лигата на Европа.

Сето тоа го земаа во предвид произведувачите на популарната фудбалска симулација „Pro Evolution Soccer“. „Конами“ го лансираше изгледот на „ПЕС 2020“ кој треба да излезе наскоро и на него се ноѓа играч во дресот на Арсенал.

Меѓутоа од оваа компанија заклучија дека ниту еден играч не е достоен да стои на позадината, па се гледа само дресот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола го нападна Артета: Следниот пат биди појасен

Пеп Гвардиола побара од Микел Артета да престане јавно да ги изнесува навредливите и неосн…