Дома Останати Тенис Комплетирани полуфиналните двојки во Париз: Зверев подобар од Норвежанецот Руд

Комплетирани полуфиналните двојки во Париз: Зверев подобар од Норвежанецот Руд

Aлександар Зверев е последниот полуфиналист на Мастерсот во Париз. Зверев кој е еден од фаворитите го победи Каспер Руд со 2:0 во сетови (7:5, 6:4).

Норвежанецот се надигруваше достојно со еден од најдобрите тенисери во светот и достојно се прости со турнирот во француската престолнина. Во првиот сет одлично парираше се до самата завршница кога попушти неговата концентрација.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Во продолжение бркаше негатива, но не се откажа до самиот крај. На крајот пресуди квалитетот и искуството на Германецот. Во полуфиналето Зверев ќе се сретне со Данил Медведев, додека во второто играат Ѓоковиќ – Хуркач.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Иванишевиќ за Ѓоковиќ: Ако го освои Вимблдон, нема да застане

Горан Иванишевиќ долги години беше тренер на Новак Ѓоковиќ, а во студиото на „Спорт клуб“ …