Дома Фудбал Англија Компани од трибините го гледаше својот проштален натпревар од Сити, Ван Перси воодушеви

Компани од трибините го гледаше својот проштален натпревар од Сити, Ван Перси воодушеви

На Етихад синоќа беше одигран натпреварот помеѓу тим од легендите на Манчестер Сити и тим од ѕвездите во ПЛ, а резултатот на крајот беше 2:2.

Натпреварот беше одигран во чест на Винсент Компани кој помина 11 години во Манчестер Сити и требаше да биде негов проштален од овој клуб, но тој не можеше да настапи поради повреда.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Навивачите на Граѓаните на прекрасен начин го дочекаа Компани, а на еден голем транспарент пишуваше: „Работник, капитен, лидер.“

Компани со Сити освои четири титули во ПЛ, два трофеи во ФА купот и четири во Лига купот.

Синоќа сепак од трибините ги гледаше своите поранешни соиграчи и многу други ѕвезди против кои играше во ПЛ.

Тимот на легендите на Сити поведе во 2. минута со голот на Петров, а ѕвездите од ПЛ израмнија во 30. минута кога после прекрасна асистенција на Ван Перси, Кин постигна погодок.

Ван Перси потоа во 47. минута постигна одличен гол за 2:1, a конечните 2:2 ги постави Бенџани во 88. минута.

Натпреварот донесе голем број прекрасни потези и голови за навивачите, кои ги имаше повеќе од 50.000 на стадионот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…