Дома Останати Колку ќе заработи Мекгрегор од борбата во сабота?

Колку ќе заработи Мекгрегор од борбата во сабота?

Ирската ММА ѕвезда Конор Мекгрегор во сабота по година и пол дена повторно ќе влезе во октагонот.

Најголемата УФЦ ѕвезда севраќа во борбите против Доналд Серон, а како и порано многу се зборува за парите кои Ирецот ќе ги заработи во овој меч.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Самиот Мекгрегор тврди дека заработката ќе биде околу 80 милиони долари. Така веројатно и ќе биде, но големиот дел од парите ќе пристигнат од спонзори.

УФЦ за настапот на Конор ќе исплати пет милиони долари. Остатокот од парите овој 31 годишен борец ќе ги заработи од големите спонзорски договори и реклами.

Конор најави дека во идниот период ќе разгледа и нови боксерски мечеви. Најави дека повторно може да се бори против Флојд Мејведер, а во опција е и борба против Мани Пакјао.

Сепак, она што најмногу го посакува е реванш против Кабиб Нурмагомедов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Скандал: Уапсен најдобриот голфер во светот🎥

Најдобриот голфер во светот Скоти Шелфер бил уапсен, пренесуваат светските медиуми. Шелфер…