Дома Фудбал Останато Колку денеска би вредел Тоти? – Италијанецот го има одговорот!

Колку денеска би вредел Тоти? – Италијанецот го има одговорот!

Франческо Тоти целата кариера ја помина во Рома, имаше понуди од најголемите клубови, но одлучи да остане верен на „Волчицата“.

Јасно, би можел да стане еден од најскапите платени играчи на сите времиња, но Италијанецот беше јасен, не сакаше да го напушти „Олимпико“. Призна дека имал понуди од Реал Мадрид, но едноставно не можел без Рома, па никогаш не дознавме колку Рома би можела да заработи од неговата продажба.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Јасно е дека цените си заминаа до небо, се се промени од трансферот на Нејмар во ПСЖ за 222 милиони евра, а самиот Тоти верува дека знае колку денеска би вредел на пазарот.

„Мислам дека би вредел околу 200 милиони евра“, изјави скромниот Тоти.

Сепак, неговата лојалност не можеше да се купи. Целата кариера ја помина во Рома, 25 години, 786 настапи и 307 гола, но само еден освоен трофеј во Серија А и два купа на Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома останува без голема легенда: Си заминува човекот кој повеќе од половина век помина во клубот!

Се завршува една ера за Бруно Конти во Рома. Италијанската легенда се пензионира по неверо…