Француските медиуми внимателно пресмета дека Нејмар го чини Пари Сент Жермен повеќе од еден милион евра за секој одигран натпревар.
Нејмар пред две години стана најскапиот фудбалер на сите времиња, откако ПСЖ за неговиот потпис плати неверојатни 222 милиони евра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Меѓутоа, Бразилецот иако донесе огромни коменрцијални придобивки на клубот, сепак поради повреди пропушти голем број на натпревари.
Последниот натпревар против Марсеј беше 64-от на кој Нејмар отсуствуваше од тимот. Тој пропушти 52 натпревари поради повреди, осум поради дисквалификација, а останатите поради дисциплински мерки.
Бразилецот досега има 63 одиграни натпревари за „светците“, односно еден помалку од тие на кои не настапил.
Со оглед на тоа дека неговата месечна плата е 3,1 милион евра, инвестицијат на ПСЖ веќе надмина 300 милиони евра.