Дома Фудбал Англија Колашинац и Озил со обезбедување се појавиле на тренингот на Арсенал

Колашинац и Озил со обезбедување се појавиле на тренингот на Арсенал

Сеад Колашинац и Месут Озил после отсуството се појавиле на тренингот на Арсенал, пишуваат британските медиуми.

Двајцата фудбалери не беа отсутни поради повреда или слаба форма туку поради веќе добро познатата ситуација со разбојниците кои кон крајот на јули ги нападнаа. Иако претпазливоста се уште е присустна изгледа дека ситуацијата полека се смирува.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Фудбалерите на Арсенал се наоѓаат под 24 часовна заштита и околу нивните домови може да се види обезбедување со кучиња чувари, а денес се појавија на тренингот. За разлика од порано, Колашинац пристигна со соиграчот Мустафи.

Озил од друга страна дојде со еден од своите луксузни автомобили, но возејќи се на задното седиште.

Останува да се види дали Озил и Колашинац ќе бидат во конкуренција за саботниот натпревар на Арсенал против Барнли.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Модриќ ги воодушевил сите во Милано, „росонерите“ веќе донеле одлука!

Лука Модриќ (40) брзо ги освои срцата на фановите на Милан и ги натера италијанските медиу…