Португалскиот фудбалер Фабио Коентрао, се чини дека ја заврши епизодата на Сантијаго Бернабеу.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Триесетгодишниот Коентрао го носи дресот на Реал од 2011. година, но како што пишуваат странските медиуми, сега ќе го напушти клубот и кариерата ќе ја продолжи во Португалија.
Своевремено еден од најдобрите во Европа на својата позиција се договорил со Спортинг, за кој претходната сезона играше како позајмен играч, а во Лисабон само чекаат да се реши ситуацијата и да се раскине договорот.
Дека во Реал не сметаат на Португалецот јасно е уште од поодамна, а се потврди кога не се најде на списокот од фудбалери кои ќе се натпреваруваат во Примера.
Коентрао во дресот на Кралевите одигра нешто повеќе од 100 натпревари.