Кога Серхио Рамос беше на почетокот од кариерата Алесандро Дел Пиеро беше жива легенда на фудбалската игра и еден од најдобрите во светот.
Дел Пиеро секако имаше фантастична кариера, но кој знае каде ќе му беше крајот ако не доживеше тешка повреда на лигаментите, нешто слично што подоцна му се случи на Луис Назарио да Лима.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Легендарниот Алекс успеа да се врати, но повредата значајно го успори, сепак успеа да прикажува добри настапи. Еден од најдобрите периоди во кариерата на репрезентативен план му беше кога во 2006 година со Италија го освои Светското првенство.
Серхио Рамос тогаш уште „учеше“ да игра фудбал. Како 19 годишник дојде во Реал Мадрид, меѓутоа можеше да се забележи дека ќе биде голем играч. УЕФА денес потсети како Дел Пиеро си поигра со Рамос во мечот помеѓу Италија и Шпанија.
? Alessandro Del Piero ? Spain…@delpieroale | @azzurri pic.twitter.com/Itj75vfeiA
— UEFA EURO 2020 (@EURO2020) November 3, 2020