Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е силно заинтересиран за крилниот напаѓач на Наполи, Лоренцо Инсиње и сака да го донесе на „Енфилд“ во зимскиот преоден рок, пренесуваат италијанските медиуми.
Ливерпул, како што тврдат медиумите е подготвен да му исплати на Наполи 30 милиони евра, а Инсиње ќе добие договор вреден 6,5 милиони евра по сезона.
ТЈ како "Дедо Мраз": Кој сака да освои 50.000 € ↓↓↓
Преговорите за нов договор помеѓу Наполи и Инсиње се во застој веќе подолго време, па фудбалерот размислува за промена на средината, иако е дете на Наполи и поникна од академијата на клубот.
Таквата ситуација сака да ја искористи Ливерпул кој веќе спремил 30 милиони евра, па останува да видиме дали Наполи ќе ја прифати понудата.