Дома Топ вести Клоп ја „краде“ големата желба на Интер и Јувентус

Клоп ја „краде“ големата желба на Интер и Јувентус

Италијанските медиуми пренесуваат дека Ливерпул се вклучил во трката за потписот на ѕвездата на Удинезе, Родриго де Паул.

Овој 26 годишен фудбалер игра одлично во дресот на Удинезе. Веќе четири години е еден од најдобрите играчи за врска во Серија А и изгледа дојде време за голем трансфер.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За него веќе подолго време интерес покажуваат италијанските гиганти Јувентус и Интер, а сега во трката за потписот се вклучи и Ливерпул.

Клоп смета дека Аргентинецот ќе биде идеална замена за Вајналдум, кој ќе го напушти „Енфилд“ на крајот на сезоната.

Удинезе за слободата на Де Паул бара 40 милиони евра, сума која Ливерпул е спремен да ја плати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…