Дома Фудбал Англија Клоп ја исклучува можноста за големи трансфери на „Енфилд“

Клоп ја исклучува можноста за големи трансфери на „Енфилд“

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп ја исклучи можноста за големи трансфери на „Енфилд“ летово.

Клоп тврди дека фубалскиот свет повеќе не е ист и дека клубовите имаат големи финансиски проблеми поради пандемијата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Германецот ги загрижи фановите и изјави дека големи трансфери се можни, само ако некој фудбалер биде продаден.

„Работата зависи од тоа дали некој од играчите ќе замине. Нема да брзаме. Уште е рано да зборуваме за тоа“, вели Клоп.

„Неиграњето во Лигата на шампионите нема да ни помогне, но тоа не е наш најголем проблем. Пазарот ќе биде навистина чуден. Слушам многу за потезите со големи пари, Мбапе си оди не си оди, Халанд, Санчо, такви работи. Не гледам како тоа ќе се случи ова лето, бидејќи фудбалскиот свет се уште не е на истото место како што беше порано“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Девојче кое собира топчиња се онесвести покрај теренот, реакцијата на тенисерката го обиколи светот (Видео)

Непријатен момент го прекина мечот на Австралија Опен и ја загрижи целата публика. Првиот …