Дома Фудбал Англија Клоп: Фирмино ми кажа дека заминува, има само една желба

Клоп: Фирмино ми кажа дека заминува, има само една желба

Минатата недела беше објавено дека Роберто Фирмино дефинитивно го напушта Ливерпул, тренерот Јирген Клоп сега потврди дека имал разговор со Бразилецот.

Германскиот стратег не криеше, Фирмино ќе го гледаме во друг дрес наредната сезона.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Разговарав со Боби, ми кажа дека си заминува. Морам да признаам дека малку ме изненади, можеби можеше поинаку се да се заврши, но тој така одлучи и ќе ја почитувам неговата желба. Ми беше мило за приемот кој го доби од навивачите кога влезе со Манчестер Јунајтед“.

Откри и каква желба имал.

„Единствена негова желба беше дека сака се да се заврши на позитивен начин. До крајот на сезоната ќе биде целосно посветен на тимот и тоа е очекувано од него. Сега не мислиме на простување, но сите знаеме дека навивачите ќе го паметат“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Пикси заминува од кормилото, а човекот кој доаѓа нема да ги воодушеви Србите

Драган Стојковиќ Пикси би можел да ја напушти позицијата на селектор на Србија. Наводно, н…