Англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Јувентус, Арон Рамзи.
Арон Рамзи не ги воодушевува навивачите на Јувентус со своите настапи, но Пирло сепак му дава шанса.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Велшанецот ја игра својата втора сезона во Италија и се уште не може да се каже дека се адаптирал на условите на италијанскиот фудбал.
30-годишниот Велшанец може да ја промени средината на лето, бидејќи Јувентус е спремен да го продаде и да заработи на неговиот трансфер.
Ливерпул сака да ја искористи таквата ситуација бидејќи е во потрага по играч за врска кој ќе го замени Вајналдум.
Рамзи исто така е спремен да се врати во Премиер лигата, па медиумите се оптимисти за трансферот.