Дома Фудбал Англија Клоп пронајде една мана на Обамејанг

Клоп пронајде една мана на Обамејанг

Во рамките од третото коло во Премиер лигата денес на „Енфилд“ од 18:30 часот ќе се сретнат Ливерпул и Арсенал.

Ова ќе биде дербито на колото и натпреварот кој привлекува најмногу внимание, а за голот на Ливерпул најголема опасност ќе биде Пјер Емерик Обамејанг со кого тренерот на Ливерпул имаше прилика да соработува во Борусија Дортмунд.

Клоп пред натпреварот зборуваше за Габонецот и во таа прилика кажа дека е духовит и дека во неговата игра нема некоја слабост.

„Мана на Обамејанг? Ги нема. Единствено можеби лошо се облекува. Кога играме против него правиме план како да се браниме. Се сеќавам дека во Дортмунд дојде како крилен напаѓач, а нас тогаш ни беше потребна „деветка“ затоа што замина Левандовски. На крајот се покажа како одличен центарфор. Постепено се развиваше и стана гол машина“, изјави Клоп.

И Ливерпул и Арсенал одлично ја отворија сезоната и имаат по шест бодови после два одиграни натпревари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Кол Палмер потпиша нов договор со Челси до 2034 година

Кол Палмер го продолжи договорот со Челси до 2034 година, со цел да освои големи трофеи со…