Ливерпул е последниот клуб кој се приклучи во трката за потписот на дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, пренесуваат италијанските медиуми.
Сенегалецот е мета на многу европски гиганти, но Наполи во летниот преоден рок за неговиот потпис бараше 100 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клоп е во потрага по централен дефанзивец кој ќе му биде партнер на Ван Дајк и сака да направи „тандем од соништата“. „Кориере дело Спорт“ пренесува дека „црвените“ веќе испратиле прва понуда од 60 милиони евра за Сенегалецот.
Наполи и понатаму инсистира на 100 милиони евра, но тешко дека ќе ја добие таа сума, а самиот Кулибали сака да ја промени средината.
Се претпоставува дека дефанзивецот ова лето може да си замине за сума помеѓу 70 и 80 милиони евра, а покрај Ливерпул за него интерес покажувата клубовите од Манчестер и Челзи.