Дома Фудбал Англија Клоп потврди: Ливерпул ќе игра со деца и во ФА Купот

Клоп потврди: Ливерпул ќе игра со деца и во ФА Купот

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп најави дека никој од играчите од првиот тим нема да бидат во тимот на возвратниот меч со Штрусбери од четвртото коло во ФА Купот.

„Црвените“ вчера одиграа без победник (2:2) на гостувањето кај Штрусбери, па сега ќе треба да играат возвратен меч на „Енфилд“ на 4-ти февруари.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Тој реванш ќе го играат момците од академијата, тоа е веќе донесена одлука. Им кажав на играчите од првиот тим уште пред две недели дека ќе имаат зимска пауза, а тоа значи дека нема да можат да играат на тој меч. Знам дека тоа не е најпопуларното решение, но јас така ги гледам работите. Премиер лигата е многу напорна и играчите мораат да имаат мал одмор, јас тоа ќе им го овозможам“, изјави Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голем трансфер од Премиер лигата за Рома

Рома договори трансфер на холандскиот напаѓач Дониел Малeн од Астон Вила на позајмица, со …