Дома Фудбал Англија Клоп после договорот: Ние сме клуб кој се движи во вистинска насока

Клоп после договорот: Ние сме клуб кој се движи во вистинска насока

Јирген Клоп денес ставил потпис на нов договор и ќе остане во Ливерпул до 2026 година.

 Клоп е на кормилото на Ливерпул веќе седма сезона и со него „црвените“ ја освоија Премиер лигата после цели 30 години и стигнаа до врвот на Европа.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Овој договор е поразличен поради должината на времето во која сме заедно. Морав да си го поставам прашањето: Дали е во ред за Ливерпул да останам подолго? Заедно со моите асистенти дојдовме до заклучок дека може да се кажа „ДА“, изјави Клоп.

„Има толку љубов во ова место. Тоа го знаев пред да дојдам овде, го запознав уште подобро откако пристигнав и сега тоа го знам повеќе од кога било досега. Ние сме клуб кој постојано се движи во вистинската насока. Имаме јасна претстава за тоа што сакаме да го постигнеме“, додаде Германецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гигантите во битка за Хрватот кој блескаше и вчера – никој нема да го добие за помалку од 60 милиони евра!

Младиот дефанзивец моментално игра на позајмица од Тотенхем, кои го купија од Хајдук за 11…