Дома Фудбал Англија Клоп: Оваа недела е неверојатна, одиме по ново чудо!

Клоп: Оваа недела е неверојатна, одиме по ново чудо!

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се надева на уште едно чудо во недела.

Ливерпул на „Енфилд“ успеа да направи чудо и да слави со 4:0 против Барселона, на тој начин обезбеди финале во Лигата на шампионите, надополнувајќи 0:3 од првиот натпревар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На прашањето дали би можело да се случи нешто слично во недела и Ливерпул да стане шампион на Англија иако има бод помалку од лидерот Манчестер Сити, Германецот одговори: „Би било супер“ и продолжи:

„Имавме неверојатна недела, но таа се уште не е завршена. Кој знае, можеби тоа ќе биде уште еден голем момент за нас. Тој ден е во оваа недела, не во наредната, значи оваа недела се уште е завршена. Одиме по ново чудо“.

„Ништо не се промени, го знаевме тоа и претходно. Мислам дека поголемиот дел од вас очекувавте денес да седам тука и да зборувам: Во ред, откако не сме во финалето од Лигата на шампионите сега очекуваме да бидеме шампиони на Англија. Сега ние сме во финалето, но и понатаму сакаме да бидеме шампиони на Англија. Она што сигурно можеме ние да го направиме е да победиме во нашиот натпревар“, изјави Клоп.

Клоп смета дека Вулверхемптон на „Енфилд“ и Брајтон пред своите навивачи против Сити одат на победа и дека ништо не е завршено.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

УЕФА не дозволува Сити и Џирона заедно да играат во ЛШ

 Манчестер Сити и шпанската Џирона можеби нема да играат во Лигата на шампионите, за која …