Дома Фудбал Англија Клоп носи одлични вести за „црвените“: Фирмино е прв, но не и последен

Клоп носи одлични вести за „црвените“: Фирмино е прв, но не и последен

Менаџерот на англискиот премиерлигаш Јирген Клоп е среќен што напаѓачот Роберто Фирмино неодамна стави потпис на нов договор.

Во новата сезона Фирмино игра навистина одлично, а откако потпиша нов договор на „Енфилд“ можеа да воздивнат, но тука нема да застанат, барем така најави Клоп.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Јирген Клоп најави дека Фирмино е првиот, но не и последниот кој ќе стави потпис на нов договор.

„Тоа се неверојатно добри вести. Станува збор за важен чекор. Апсолутно, но Роберто не може да игра сам, сакам и другите играчите да потпишат нови договор. Во секој момент секој играч знае какви се нашите планови. Фирмино како што кажав е прв и сигурно нема да биде последен“, истакна менаџерот на „црвените“.

Да потсетиме, Ливерпул утре го очекува реваншот во полуфиналето од Лигата на шампионите против Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Тежок удар за Слот: Еден од најважни ќе биде надвор од терените во пеколен период!

Алисон Бекер, првиот голман на Ливерпул, ќе мора да пропушти осум натпревари од својот тим…