Дома Фудбал Англија Клоп: Никој не треба да се грижи за мене, полн сум со енергија

Клоп: Никој не треба да се грижи за мене, полн сум со енергија

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп категорично ги демантираше шпекулациите дека би можел да го напушти клубот.

Клоп тврди дека е полн со енегрија и лошата ситуација во која се наоѓа клубот ја гледа како предизвик.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Сите знаат дека поминавме низ тежок период. Секогаш го средуваме тоа како семејство. Работам како тренер 20 години и можам да ги разделам работите. Кога работам, навистина работам. Не треба да се грижите за мене. Можеби не изгледам најдобро, бидејќи времето е студено и брадата ми обеле и не спијам многу, но имам енергија колку што сакате“, изјави Клоп.

Навивачите преку банер изразија поддршка до Клоп пред дуелот со Лајпциг во Лигата на шампиони.

„Банерот е убаво да го видиш, но не е потребен. Не чувствувам дека е потребна дополнителна поддршка во моментов, но убаво е да се види“, истакна Клоп.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Реал Мадрид подготвувал спектакуларна размена со Арсенал – познато кои фудбалери биле вклучени

Реал планираше да размени играчи со Арсенал. Бразилскиот напаѓач Родриго (24) ќе заминеше …