Ливерпул во ждребот за полуфиналето во Лигата на шампионите ја доби Рома за противник. Првиот натпревар се игра на 24 април на „Енфилд“ додека реваншот на 2 мај на „Олимпико“.
На прв поглед според многумина Ливерпул имаше најдобар ждреб, но тренерот на „црвените“ не мисли така.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„На оние кои мислат дека Рома е лесен ждреб не можам да им помогнам бидејќи очигледно не ја гледаа Рома против Барселона. Во првиот натпревар во кој изгубија 4:1 го гледавме генијалниот Меси против одличната Рома. Бев фасциниран од тоа како одиграа во реваншот. Според играта требаше да победат со 4:0 или 5:0, беа навистина фантастични“.
„Никогаш не сум бил во Рим, ниту како турист, па така ова е целосно ново искуство за мене. Верувам дека станува збор за прекрасен град, но не одам да го разгледувам. За нашиот Салах овој двомеч ќе биде посебен, бидејќи играше во Рома. Тие имаат фантастична атмосфера на својот стадион, но сигурен сум дека нема да мислат дека тоа им е некоја голема предност“, изјави Клоп.