Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп е импресиониран од квалитетите на шкотскиот репрезентативец и член на Астон Вила, Џон Макгин.
Клоп го сака 26-годишниот играч за врска како замена за Жоржињо Вајналдум.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Како медиатор за трансферот е и сонародникот на Макгин, Ендру Робертсон кој го убедува да се пресели на „Енфилд“.
Медиумите на Островот пренесуваат дека Астон Вила е спремна да го пушти, но за неговата слобода бара 50 милиони фунти. Тоа значи дека „црвените“ најпрво ќе мора да продадат некој играч кој не добива голема минутажа за да го реализирата трансферот на Макгин.