Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп по втор пат по ред е избран за тренер на месецот во Премиер лигата.
Тимот од Клоп победи на сите три натпревари во Премир лигата во септември, и тоа против Њукасл, Челзи и Шефилд Јунајтед.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сезоната се развива совршено за Ливерпул досега. Европскиот шампион има 17 последователни победи во Премиер лиата и во моментов има осум бода предност пред шампионот Манчестер Сити.
Another month, another award ?@LFC boss Jurgen Klopp wins @BarclaysFooty September Manager of the Month!#PLAwards pic.twitter.com/d21OdD91jt
— Premier League (@premierleague) October 11, 2019
Наградата „Играч на месецот“ ја доби напаѓачот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг, кој постигна пет гола на четири натпревари за тимот од Лондон минатиот месец.
Од почетокот на сезоната Габонецот има вкупно седум гола и е само на еден гол од најдобрите стрелци, Тами Абрахам и Серхио Агуеро.
⭐️ A U B A ⭐️
— Arsenal (@Arsenal) October 11, 2019
? @PremierLeague Player of the Month
So very well deserved – congratulations, @Aubameyang7! ?