Барселона во првиот меч ја совлада Рома со 4:1, меѓутоа во реваншот „волчицата“ приреди вистинска сензација и со победа од 3:0 го елиминира каталонскиот гигант.
Дека ова е неверојатен резултат покажува и реакцијата на Клоп, кој мислел дека станува збор за шега.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
„Мислев дека луѓето се шегуваат со мене кога ми кажаа дека Рома ја елиминирала Барселона. Ја респектирам Рома, имаат одличен тим, но не очекував такво нешто. Иако помислив дека е можно“, изјави Клоп.
Неговиот Ливерпул исто така се пласираше во полуфинале, отако со вкупни 5:1 го елиминира Манчестер Сити.