Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп го коментираше враќањето на Џордан Хендерсон во европскиот фудбал и истакна дека не ги разбирал луѓето кои го критикуваат.
Екс-капитенот на Ливерпул минатото лето ја напушти Европа и се одлучи да ги прифати милиониот од Саудиска Арабија, сепак по само неколку месеци се врати и тоа во дресот на холандски Ајакс.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Се најавуваше дека Хендерсон може повторно да игра во Премиер лигата, но сепак се одлучи за гигантот од Амстердам.
„Среќен сум поради него. Ми изгледа среќен и тоа е најважно. Навистина не ги разбирам луѓето кои го критикуваат него или било кој друг. Имаме еден живот и нормално е некогаш да носиме одлуки кои не се совршени за нас, некогаш и работите се менуваат откако ќе ја донесеш одлуката…Беше таму (во Саудиска Арабија) и тоа секако е интересно искуство. Кога разговарав со него 99% беше разговор за фудбал. Таму работите се на почетокот и многу работи се во развивање, не е како тука, Џордан не критикуваше ништо“, изјави Клоп.
Имаше што да каже Клоп и за Ајакс.
„Ајакс е сензационален клуб кој е во тежок момент. Добро знаат да го коментираат талентот и искуството…Во Англија луѓето се прашуваат зошто фудбалерите заминуваат надвор кога сите сакаат да играат во Прмеиер лигата. Амстердам е прекрасен град и може да ужива со семејството, навистина сум среќен за него“, заврши Клоп.