Ливерпул е многу блиску до освојување на титулата во Премиер лигата после цели 30 години.
„Црвените“ се лидери на табелата и потребни им се уште само две победи во преостанатите 9 кола за и официјално да ја кренат титулата.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Сезоната во Премиер лигата ќе продолжи на 17-ти јуни, а менаџерот Клоп со нетрпение чека неговиот тим да ја освои титулата.
„Неверојатно колку сето ова ми недостасуваше. Знам дека ова не е најважната работа во животот, но тоа е мојата страст. Убаво е да се мисли на титулата, но се уште не сме шампиони. Знаеме дека сме блиску, но се уште не е готово. Мораме да се обидеме да победуваме на сите натпревари“, истакна Клоп.
Натпреварите ќе се играат без публика, а невозможно е да се организира парада откако ќе биде освоена титулата.
„Ветувам, ако ја освоиме титулата, ќе има и парада. Било кога. Потребен ни е само еден ден кога луѓето ќе можат да дојдат и да прославиме“, истакна Клоп.