Mногумина се прашуваат поради што Родриго Бентакур не добива повеќе шанса во Јувентус.
Уругваецот од кога стигна од Бока минатото лето покажа дека заслужува да остане во клубот, го воодуѓеви Алегри кој го промени планот и не го испрати на позајмица.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јужноамериканецот добива малку шанса иако е јасно дека е иднината на клубот, а многу се прашуваат зошто Алегри не му дава поголем простор за игра посебно бидејќи Сами Кедира е целосно надвор од форма.
Имено, никој во Јувентус веројатно не се надеваше дека клубот ќе добие таков бисер па за Бока да се согласи да го продаде им понудија 50% од сумата од следната продажбата.
Сега Јуве сака да ја избрише оваа клазула и нуди пари но Аргентинците одбиваат.
Во Бока знаат дека дека за Бентакур интерес покажува Реал Мадрид и поради во никој случај не прифаќаат договор со Италијанците и не сакаат да се откажат од клазулата.
Тие веруваат дека следната сезона Ургуваецот би можел да биде еден од најважните фудбалери на тимот, па како и во случајот на Погба би можел да биде продаден за огромна сума.
Поради ваквата ситуација во Јувентус веројатно се обидуваат да добијат на време со тоа што на Бентакур му се дава повремено прилика се додека не биде отстранета клазулата во неговиот договор.